Двајца туристи загинале од лавина во Банско, објавија бугарските медиуми. Според првичните информации инцидентот се случил околу 12 часот. Телата на двајцата загинати се пронајдени од планинарските спасувачи, а неофицијално се работи за грчки туристи. Според првичните информации загинатите се сноубордери.
Некои бугарски медиуми објавија дека уштe две лица се водат за исчезнати. По нив се уште се трага.