четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската ѕвезда ја призна вината: Роналдо осуден на две години затвор и казна од 19 милиони евра

Фудбалската ѕвезда ја призна вината: Роналдо осуден на две години затвор и казна од 19 милиони евра

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо се спогоди со судот во Мадрид околу обвиненијата за избегнување на данок, со што се согласи на парична казна од 18.8 милиони евра.

Спогодбата, договорена однапред, вклучува и издржување на затворска казна од 23 месеци.

Но во Шпанија, осудениците обично не служат затвор за казна под две години.

Ненасилната престапка на Роналдо значи дека тој најверојатно нема да помине време во затвор и казната сосема веројатно ќе биде условна.

Кристијано, кој во моментов е играч на Јувентус и играше минатата вечер за клубот од Италија, пристигна во судницата насмеан, држејќи се за рака со сопругата Георгина очигледно во добро расположение.