среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за в.д. директор на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани

Кривична пријава за в.д. директор на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани

Поднесена е кривична пријава против в.д. директорката на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани за злоупотребување на службената положба и овластување во периодот на 2017 година. Според наведеното, таа во два наврати постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, на тој начин што без да спроведе постапка за јавна набавка во која би се јавиле и други економски оператори, кои на пазарот нудат стоки, услуги или работа, фаворизирала два правни субјекта, информираат од МВР.

Имени, Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани кривичната пријава ја поднесе против Р.Т. (44) од село Оризари, кочанско поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 1 од КЗ.

Имено, во 2017 година ангажирала правен субјект од Кочани преку непосреден договор за услуга за одржување и поправка – вршење градежни активности во ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани и Оризари без притоа да биде спроведена постапка за јавна набавка на услуги.

Исто така, пријавената во текот на 2017 година за услуги за патен транспорт (такси услуги за вработените), фаворизирала едно правно лице од Кочани без да спроведе постапка за јавна набавка и без истите услуги да бидат предвидени во планот за јавни набавки на Библиотеката, се наведува во соопштението од МВР.