среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Уметност и имагинација: Погледнете како изгледа ребрендираната Вирго линија на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“

Уметност и имагинација: Погледнете како изгледа ребрендираната Вирго линија на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“

Инспирирани од се она што ги прави виното и жените по многу нешта толку слични, а сепак толку посебни и уникатни, на Осми март, Светскиот ден на жената, винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ со посебна чест и задоволство ја претстави комплетно ребрендираната линија на Вирго вина.

Спакувани во сосема нови, исклучително елегантни шишиња, „дотерани“ во ексклузивните етикети кои совршено го отсликуваат спојот помеѓу традиционалното и модерното, новиот дизајн ја прави целата Вирго линија уникатна и лесно препознатлива за секој вистински вљубеник во виното.

„Кога започнавме да размислуваме за ребрендирање на Вирго линијата се сложивме дека сакаме дизајн кој ќе открива дел од енергијата, елеганцијата и уникатноста која се крие во внатрешноста на секое шише, а истовремено ќе претставува и совршена симбиоза помеѓу имагинацијата и уметноста на правење врвно вино. Мислам дека во целост успеавме во тоа, и дека новиот дизајн само ќе го надополни впечатокот кој го добиваат консументите по секоја голтка од нашите вина“ – изјави Миле Милев, извршен директор на винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“.

Во вонвременскиот дизајн и релјефниот принт на секое од петте исклулителни вина, Темјаника, Траминер, Шардоне, Совињон Бланк и Мускат Розе многу суптилно, но сепак читливо и достапно за секого се поместени и сите информации за географското потекло на виното, неговите карактеристики и специфичности.

Новата ребрендирана Вирго линија веќе може да се најде во винотеката на винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ лоцирана на улицата „Шишка“ бр.2, а веќе многу наскоро ќе биде достапна и во сите поголеми маркети и ресторани во Македонија.