Холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека официјално го повлече својот амбасадор од Турција, кој беше физички спречен да влезе во државата поради спор кој започна во март минатата година.
Холандија, исто така, нема да ги признае назначувањето на нов турски амбасадор во земјата.
Во соопштението, Министерството наведува дека „ги прекинало“ разговорите со Турција до решавање на прашањето.
Двете влади имаа несогласување во врска со решението Холандија да ги блокира посетите на турски службеници да водат кампања меѓу турската дијаспора во полза на референдумот за турскиот устав во исто време во кое Холандија спроведуваше свои национални избори.