вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тешко ја пребродува смртта на мајка си, но реши да помага- еве што и понуди Карлеуша на Марина Туцаковиќ која преживува пекол

Тешко ја пребродува смртта на мајка си, но реши да помага- еве што и понуди Карлеуша на Марина Туцаковиќ која преживува пекол

Познатиот текстописец Марина Туцаковиќ откри дека Јелена Карлеуша и понудила да ја носи на лекување во Кина каде сопругот на пејачката, Душко Тошиќ игра фудбал.

Туцаковиќ дозна дека боледува од рак на градите на почетокот на минатата година, по што брзо беше и оперирана во Белград.

Како што вели Туцаковиќ за „Србијаденес“ нејзината пријателка и долгогодишна соработничка Карлеуша тешко ја поднела нејзината болест, бидејќи на исти начин ја изгубила и нејзината мајка Дивна Карлеуша.

-Кога дозна Јелена дека имам рак, ми се јави и прво што ми рече е дека ќе се распраша за мое лечење во Кина, а потоа и на Куба. Ме советуваше и јас да дознам повеќе за мојата болест и да ја побарам што и да ми треба од неа. Многу се заинтересира за мојот случај, бидејќи за жал веќе има лошо искуство со оваа болест, вели Марина.

Најнови вести