четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Киви- витаминско чудо кое го штити здравјето

Киви- витаминско чудо кое го штити здравјето

Кивито изобилува со висока хранлива содржина и е една од најдравите производи на природата.

Еве зошто треба да јадете киви почесто:

Содржи големо количество на витамин Ц

Кивите содржат два пати повеќе витамин Ц отколку лимонот и портокалот. Витаминот Ц делува како моќен антиоксидант, елиминирајќи ги слободните радикали кои можат да предизвикаат воспаление или рак. Исто така помага за подобрување на имунитетот.

Го подобрува спиењето

Многубројните истражувања покажале дека ова овошје содржи голем број состојки кои се корисни во медицината, меѓу кои и антиоксиданти и серотонин, кои помагаат за луѓето кои страдаат од несоница. Јадењето киви пред спиење може да ви помогне полесно и мирно да заспиете.

Тоа е одличен извор на диетални влакна

Ова егзотично овошје е одличен извор на диетални влакна, кои помагаат во превенцијата од многубројни болести. Зголеменото конзумирање на храна богата со растителни влакна може да го намали ризикот од кардиоваскуларните болести. Ваквата храна ве одржува сити подолго време, помага при губењето на тежината и често се препорачува за дијабетичари.

Помага во варењето на храната

Овошјето киви во себе содржи ензим познат како „actinidain“, кој е познат по своите протеински растворливи својства. Покрај тоа што помага во варењето на протеините во телото, тоа исто така им помага и на пациентите кои страдаат од синдром на нервозно дебело црево.

Тоа е одличен извор на фолат

Кинезите од секогаш го ценеле ова овошје поради неговите лековити својства. Тоа е одличен извор на витамин Б6, исто така познат како фолат, за кој се смета дека е од корист на бремените жени. Тој помага за развојот на фетусот и го прави здрав. Исто така е добар и за деца кои сè уште растат.

Изобилува со витамини и минерали

Овошјето киви е преполно со витамини и минерали како што се витамините А, Б6, Б12, Е, калиум, калциум, железо и магнезиум. Тие заедно придонесуваат за правилното функционирање на телото, циркулацијата на крвта преку крвните садови, борбата против стрес, апсорпцијата на железо за здрави коски, добар вид, итн. Високото ниво на калиум помага во одржување на крвниот притисок, додека магнезиумот помага во функциите на нервите и мускулите.

Ја разубавува кожата

Витамините кои ова овошје ги содржи се одлични за кожата бидејќи делуваат како антиоксидант и ја спречуваат деградацијата на кожата. Земете неколку парчиња киви и нанесете ги на вашето лице, вашата кожа ќе ви се заблагодари.