Во самиот центар на Белград син го убил својот татко Б.Љ. (79), јавуваат српските медиуми.
Според првичните информации, пронајдено е тело со повеќе од 15 убоди и пределот на градите и грбот.
Осомничениот за овој настан е неговиот син Р.Љ. (37), кој по убиството повикал пријател и му кажал што се случило.
Според неофицијалните информации, осомничениот е наркоман на лекување и тој бил уапсен во станот.