недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за пукањето во Македонија: Убиени татко и неговиот 9-годишен син

Детали за пукањето во Македонија: Убиени татко и неговиот 9-годишен син

Крваво убиство ја потресе македонската јавност кога синоќа во 22 часот и 40 минути биле убиени две лица во автомобил во Слупчане.

Телма дознава дека станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар С. Телата на таткото и синот биле пронајдени во атарот на Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“ во патничко моторно возило марка Опел Астра.

Во нив било пукано, а засега не се знае сторителот, ниту пак мотивот за крвавото убиство.

Телата на убиените се предадени на обдукција во судска медицина. Повеќе детали се најавени за во текот на денот.