понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Порзингис ја заврши сезоната по повреда на коленото

Порзингис ја заврши сезоната по повреда на коленото

Кошаркарот на Њујорк Никс, Кристапс Порзингис ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото за време на натпреварот со Милвоки Бакс одигран ноќеска во Њујорк.

Со оглед на сериозноста на повреда, за центарот на Њујорк сезоната е завршена.

Порзингис се повреди при доскок по едно забивање по што стапна на ногата на Јанис Адетокунбо и ја свитка левата нога.

Летонецот теренот го напушти со помош на други лица. Него го чека операција и процес на закрепнување што трае најмалку половина година.