четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во ресторан во Прилеп, две лица се повредени

Пукање во ресторан во Прилеп,  две лица се повредени
илустрација

Во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп ноќеска околу 3 часот имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од прилепското село Лажани, со повреди на главите.

Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.