среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со „Голф“ излетал на „Словенечка“- тројца тешко повредени, четвртиот сопатник поминал со телесни повреди

Со „Голф“ излетал на „Словенечка“- тројца тешко повредени, четвртиот сопатник поминал со телесни повреди
илустарција

На 21.07.2019 во 02.20 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, Д.Н.(52) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. и сопатниците М.Д.(48) од Скопје и Н.С.(33) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Љ.Д.(46) од Скопје.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.