петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак прегазен во Чаир

Пешак прегазен во Чаир

Пешак бил прегазен вчера околу 10 часот на крстосницата од улицата “Џон Кенеди“ и улицата “Благоја Паровиќ“.

-Патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(63) од Скопје, удрило во Р.Д.(79) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.