сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје
илустрација

На крстосница од бул. „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, вчера во 16:15 часот патничко моторно возило „ауди А2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Т.К. од Гостивар, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му билаукажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.