На 17.09.2019 околу 22.00 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото.
Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.