недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид
илустрација

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14:20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид.

-Патничко моторно возило „Ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Струга удрило во велосипедистот Ј.А.(59) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.