Светлана Цеца Ражнатовиќ на големо ја подготвува свадбата на својот син кој ќе се венча со неговата избраничка Богдана Родиќ на 24 ноември.
Веста за свадбата и за бременоста на Богдана веќе со денови е топ тема во регионалните медиуми, а веќе сега се зборува и која песна Цеца ќе им ја отпее на младенците.
Станува збор за популарниот хит „Kuda idu ostavljene devojke“ која пејачката ја отпеа во далечната 1994 година.
Песната според српските медиуми е една од омилените на починатиот нејзин сопруг Жељко Ражнатовиќ- Аркан, а тоа и причината што можеби Цеца ретко ја пеела на настапи.
Доказ дека и Вељко го сака овој хит беше и 19-от роденден на Анастасија кога синот на Цеца додека неговата мајка ја пееше оваа песна се расплака.