сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо брка нов рекорд во ЛШ

Роналдо брка нов рекорд во ЛШ

Денешниот натпревар на Јувентус против Локомотив Москва во Лигата на шампионите може да влезе во историјата.

Доколку Кристијано Роналдо постигне гол, тој ќе постави нов рекорд за најголем број различни тимови на турнирот, против кој реализирал гол.

Напаѓачот на „бјанконерите“ во моментов ја дели првата позиција со Раул Гонзалез, откако двајцата постигнале гол против 33 различни противници во лигата на богатите.

Рускиот тиме е еден од ретките, на кои ЦР7 не им дал гол.

Инаку, Роналдо го држи рекордот за најмногу постигнати голови на турнирот воопшто – 130.

Португалецот имаат реализирано 64 од нив во фаза на директна елиминација.