Манчестер сити има многу квалитетни фудбалери во екипата, а еден од нив е Габриел Жесус, од кој многу се очекуваше во кариерата, но тренерот Пеп Гвардиола не е задоволен, па искусниот Серхио Агуеро е прва опција на „граѓаните“ во нападот.
Жесус е голем талент и неговото време допрва доаѓа, но Гвардиола нема многу трпение, па сака да го продаде на Баерн Минхен за 120 милиони евра.
Англиски „Сан“ пишува дека Баварците освен Жесус, го посакуваат и Лирој Сане, но тешката повреда ги спречила да тргнат по неговите услуги.