Возач е повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрото на регионалниот пат Гостивар – с.Градец.
-Несреќата се случила помеѓу „Oпел зафира“, управувано од Х.И.(62) од с.Врбјани и „Фолксваген голф“, управувано од Н.Б.(61) од с.Добри Дол, и двете со гостиварски регистарски ознаки, информираат од МВР.
По незгодата, Х.И. бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.