Сообраќајна незгода во која повредени се двајца возачи се случила вчера околу 22:50 часот на улицата „Благоја Паровиќ“.
-Несреќата се случила помеѓу „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано А.Ч.(18) од Скопје и „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(47) од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., а со телесни повреди се здобил А.Ч., по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.