сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид
илустрација

Сообраќајна несреќа во која повреден е велосипедист се случила вчера попладне на крстосница од улиците „Мaкедонски просветители“ и „7-ми Ноември“ во Охрид.

-Во несреќата учествувале„фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од И.К.(35) од Струга, и велосипед, управуван од С.Т.(51), од с.Пустец – Р.Албанија. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.