понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Средба на градоначалникот на Кисела Вода со директорот на НДИ

Средба на градоначалникот на Кисела Вода со директорот на НДИ

Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, имаше средба со Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт (НДИ), како и со Александра Цветковска, виша менаџерка на програма во НДИ.

Темелковски ги презентираше потенцијалите на Кисела Вода како локална самоуправа и приоритетните проекти кои треба да им овозможат подобри услови за живеење на жителите од овој дел на Скопје.

На средбата се разговарало и за начините на кои локалната самоуправа може да помогне во повторното отворање на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните од страна на Собранието на Македонија.

Како што соопшти прес-службата на општината, една од темите на која беше ставен фокусот беше имплентирањето на родовата перспектива во работата на општина Кисела Вода. Во оваа насока, како што информира градоначалникот, во тек е обука на административните службеници за родова еднаквост.