Најмалку 15 лица загинаа, а девет се повредени во експлозија на гас во рудник за јаглен на северот од Кина, соопштија официјалните лица.
Експлозијата се случила вчера во попладневните часови по локално време, а акцијата за спасување рано утринава е прекината.
Според информациите 11 рудари успеале да се спасат и да поминат без повреди.
Причината за експлозијата засега не е позната.