сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена хоспитализирана со тешки повреди, удрена од автомобил на пешачки премин

Жена хоспитализирана со тешки повреди, удрена од автомобил на пешачки премин

Жена се здобила со тешки повреди откако вчера била удрена од автомобил на пешачки премин на ул.„Васил Главинов“ во Штип.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 08.05 часот кога автомобил „Опел кадет’’, со штипски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Штип, удрило во пешакот Е.К.(43) од Штип.

-Во незгодата, Е.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.