Поради постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(24) од Кичево, како и против Ф.А.(28) и И.А.(24), двајцата од селото Зајас.
Осомничените мината сабота околу 22:50 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, агресивно се однесувале кон полициските службеници кои сакале да извршат контрола врз патнички автомобил марка „БМВ“ без регистерски таблички.