недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Куманово – Скопје, прегазен пешак (80)

Тешка сообраќајка на патот Куманово – Скопје, прегазен пешак (80)

Пешак е тешко повреден откако бил удрен од автомобил „Пежо“.

Според информациите од полицијата несреќата се случила вчера во 16.20 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Никуштак.

-„Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(56) од Куманово, удрило во пешакот Е.И.(80) од Куманово. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.