сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Велес

Пешак тешко повреден во Велес

Автомобил „фиат пунто“, со велешки регистарски ознаки, управувано Н.Д.(67) од Велес вчера удрил во пешакот П.Б.(86) од Велес.

Несреќата се случила на ул.„Борис Трајковски“ во Велес.

-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.