сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во Охрид

Велосипедист тешко повреден во Охрид

Охриѓанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 22 часот на крстосница од улиците „7-ми Ноември“ и „Егејска“ во Охрид.

-Во несреќата учествувале „Фолксваген Голф“  со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(51) од с.Велгошти, охридско и велосипед, управуван од С.З.(44) од Охрид.  Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.