Во тешка сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Белград-Ниш, според првичните информации на српските медиуми, животот го загубија четири лица, а шест се тешко повредени.
Во несреќата учествувале комбе и камион, а починатите лица биле патници во комбето.
Екипи на брза помош и на полицијата се на терен.