понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уште еден случај на прегазен пешак, струмичанка хоспитализирана со тешки повреди

Уште еден случај на прегазен пешак, струмичанка хоспитализирана со тешки повреди

Патничко возило „пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.И.(41) од Струмица вчера на ул.„Братство Единство“ удрило во пешакот А.Х.(82) од Струмица.

-Во незгодата, А.Х. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.