вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак усмртен на патот Велес-Градско, возачот избегал

Пешак усмртен на патот Велес-Градско, возачот избегал

Триесет и три годишниот Д.В. го загуби животот откако вчера околу 18 часот во него удрил автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на регионалниот пат Велес-Градско, а во пешакот  удрил непознато лице со непознат автомобил, кое по несреќата избегало.

-Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал.  По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од МВР.