сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за пукањето врз Фантом, приведено едно лице

МВР со детали за пукањето врз Фантом, приведено едно лице

Борис Мутков познат под прекарот Фантом, околу полноќ, е застрелан во близина на мостот за населбата Бардовци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот кај нив е пријавен на полноќ.

-Примена е пријава дека на влез во с.Бардовци било пукано кон Б. М. (40), кој се движел со возило „Мерцедес”. Б.М. е пренесен во болницата “Систина“ за укажување помош. Во врска со настанот е приведен С.Е. (23). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.