Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, во с.Добридол, гостиварско кога патничко возило, управувано од едно лице, удрило во пешакот Л.И.(55) од с.Добридол, по што го напуштило местото.
-Во незгодата, Л.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување лекарска помош, информира МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.