вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката на автопатот Велес-Скопје, во несреќата учествувале пет возила

Пет автомобили учествувале во сообраќајната несреќа која утринава се случи на автопатот Велес-Скопје на местото викано Кула, потврдуваат од МВР за Курир.

Од Министерството за Курир информираат дека несреќата е пријавена во 8 часот, по што екипи на СВР Велес се излезени на лице место.

Се уште нема информации за евентуалниот број на повредени лица во несреќата.

Од АМСМ информираа дека автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај

– На автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај, велат од АМСМ.