понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Монголија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот

Монголија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот

Монголија ја затвори границата со Кина за автомобили и пешаци во обид да го спречи ширењето на смртоносниот коронавирус од кој починаа најмалку 80 лица.

– Забрането е преминување на пешаци и автомобили преку границата со Кина, изјави вицепремиерот Енхтувишин Улзисајхан.

Тој истакна дека и училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до 2 февруари, како и други јавни места.