сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лаури прв асистент во историјата на Торонто

Лаури прв асистент во историјата на Торонто

Кошаркарот на актуелниот НБА шампион Торонто, Кајл Лаури, изби на првото место по број на асистенции.

Ѕвездата на канадскиот клуб на синоќешниот дуел со Атланта (130:114) оствари 11 асистенции и стигна до 3.772 во својата кариера.

На вечната листа во оваа статистичка категорија на досегашниот лидер Хозе Калдерон падна на второто место со 3.770.

Во Топ 5 се уште и: ДеМар ДеРозан со 2.078, Алвин Вилијамс со 1.791 и Дејмон Стадемаер со 1.761 додавање по кое се постигнати поени.