недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката на патот Охрид-Кичево, повредено едно лице

Детали за сообраќајката на патот Охрид-Кичево, повредено едно лице

Едно лице е тешк повредено во сообраќајна несреќа која вчера во 18 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани.

-Несреќата се случила меѓу автомобил „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ш.Ш.(74) од Охрид, товарно возило „даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од E.М.(45) од Р.Турција и патничко возило „сеат алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од А.Л.(26) од с.Лабуништа, струшко, информира МВР.

Во незгодата, возачот Ш.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во  Болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.