вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рeпторс ја забележаа најголемата победа во клупската историја

Рeпторс ја забележаа најголемата победа во клупската историја

Торонто репторс поставија нов клупски рекорд совладувајќи ја Индијана со разлика од 46 поени (127:81). Ова е најголемата победа во клупската историја на актуелниот НБА шампион.

Претходниот рекорд изнесуваше 44 поени и беше поставен на натпреварот против Атланта на 3 декември 2016 година.

Ова е четврти натпревар во историјата на Торонто на кој канадскиот тим го совлада противникот со разлика од 40 или повеќе поени.

Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта недела кон понеделник:
Денвер – Минесота 128:116
Торонто – Индијана 127:81
Чикаго – Вашингтон 126:117
Оклахома – Сан Антонио 131:103
Голден Стејт – Њу Орлеанс 101:115
Портланд – Детроит 107:104.