понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Твитови

Кога се протестираше пред домот на Груевски тоа беше демократија, сега за СДСМ граѓаните се „гробари на мирот“ (ФОТО)

Кога се протестираше пред домот на Груевски тоа беше демократија, сега за СДСМ граѓаните се „гробари на мирот“ (ФОТО)

Дел од атмосферата пред куќата на коа а сега протестираа. Зашо не се понашаше како ??

За Ременски сега граѓаните што протестираат се „гробари на мирот“

Протестите пред домовите на пратениците кои гласале за донесување на Законот за јазици, вчера продолжија пред домот на пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.

Таа за овој чин ја обвини опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Поради навредливите пароли кои биле скандирани пред нејзиниот дом, Ременски вели дека ќе поднесе кривична пријава.

„Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, позната група на партиски активисти протестираа со отров во устата и душата пред мојот дом. Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното. Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине“, пишува Ременски на социјалните мрежи.

„Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете“, пишува Ременски.

За време на протестот, нејзиниот дом го штитеа полициски службеници.