вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ: Верижен судир на Југодрво, повредено едно лице

ДЕТАЛИ: Верижен судир на Југодрво, повредено едно лице

Едно лице е повредено во верижен судир кој утринава се случил на булеварот „Кочо Рацин“.

Од МВР за Курир потврдуваат дека несреќата е пријавена кај нив околу 8 часот, а во истата учествувале четири автомобили и еден мотор.

-Во верижниот судир учествувале четири патнички возила, Шевролет Калос, Опел Корса и Хјундаи сите со скопски регистерски ознаки и автомобил Хјундаи со кочански регистерски ознаки и еден мотоцикл, велат од МВР.

Во несреќата со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.