Сообраќајна несреќа во која жена се здобила со тешки повреди се случи вчера во 18.50 часот на ул.„Васко Карангелевски“ во Скопје.
Од МВР информираат дека автомобил „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(67) од Скопје, удрил во пешакот Љ.Д.(62) од Скопје.
-Во незгодата, Љ.Д. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, велат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.