среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ако овие намирници ги чувате во фрижидер, правите голема грешка

Ако овие намирници ги чувате во фрижидер, правите голема грешка

И додека многумина од нас кечапот го чуваат во фрижидер за да ја задржат свежината и да спречат расипување, експертите тврдат дека тоа е сосема непотребно.

Новото истражување кое го спровеле “Which?“ открило дека повеќето луѓе во Велика Британија не знаат како точно се чуваат некои намирници, а често се водат според погрешни информации и мислат дека правилно постапуваат кога одредена храна постојано ја чуваат на ниска температура во фрижидер или замрзнувач.

Затоа експертите одлучиле да ги решат митовите и конечно да откријат како правилно се одржуваат некои прехрамбени производи кои можеме да ги купиме во супермаркетите.

Намирниците кои содржат јајца, како мајонез, треба постојано да бидат во фрижидер. Освен тоа и песто сосот треба да стои на ладно.

Од друга страна, кечапот и сенфот се сосема безбедни за јадење доколку ги држите во шпаизот во кој ги складирате намирниците.