сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се врати во Торино

Роналдо се врати во Торино

Португалскиот фудбалски ас Роналдо се врати во Торино и се приклучи на денешниот тренинг на екипата на Јувентус по денот минат во неговата родна земја поради мозочниот удар на неговата мајка.

„Кристијано учествуваше во денешниот тренинг со екипата“, се наведува на официјалната интернет страница на Јувентус.

Роналдо соопшто дека мајка му е во стабилна состојба по хируршката интервенција и добро се рехабилитира во болнички услови. На болницата, во која таа се лекуваше и од рак на дојка во изминатите години, ѕвездата на Јувентус донираше 100.000 долари.