петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 6 лица загинаа: Се урна хотел кој служел како карантин за болни од коронавирусот, сопственикот приведен

Најмалку 6 лица загинаа: Се урна хотел кој служел како карантин за болни од коронавирусот, сопственикот приведен

Најмалку шест лица загинаа откако вчера се урна петкатен хотел во кинескиот град Гуангжу.

Хотелот служел како карантин за болни од новиот коронавирус, каде за време на несреќата биле сместени 80 луѓе. Деветмина успеале да побегнат, а другите останаа под урнатините. Спасувачите успеале да извлечат 42 луѓе, од кои едно лице е во критична здравствена состојба.

Во спасувачката акција учествуваат 848 пожарникари со 169 машини и седум кучиња-трагачи.

Се уште не е позната причината за уривањето хотелот, а истрагата е во тек.

Сопственикот на хотелот е приведен.