Еден човек е извлечен жив по 69 часа преживеани под рушевините на хотел во југоисточниот дел на Кина кој бил ставен во карантин поради коронавирусот.
Станува збор за хотел кој на 7-ми март се сруши и во истиот до овој момент загинаа 27 луѓе додека две лица се водат како исчезнати.
Човекот кој е извлечен под урнатините е пренесен во болница одма откако беше спасен и извлечен во вторникот попладнето, пренесуваат тамошните медиуми.
Претходно десет годишно дете и неговата мајка се извлечени во понеделникот од под хотелот по 52 часа поминати под урнатините.
Хотелот во градот Куанжоу инаку беше карантин за луѓето изложени од коронавирус, а неодамна беше и илигално реновиран пред да се сруши.