Познатиот турски фудбалски тренер Фатих Терим (67), кој е на клупата на Галатасарај, денеска објави дека е позитивен за коронавирусот и се наоѓа во изолација во болница.
„Мојот тест за коронавирусот е позитивен, но во болницата сум во безбедни раце. Не грижете се“, напиша Терим на Твитер, пренесуваат британските медиуми.