сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција ги заострува мерките против ширење на коронавирусот

Франција ги заострува мерките против ширење на коронавирусот

Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека мерките за спречување на ширење на коронавирусот може да бидат во сила уште неколку недели и дека владата ги заострува постојните ограничувања.

Тој рече дека граѓаните ќе можат да вежбаат надвор само еднаш на ден во рок од еден километар од местото на живеење, додека на погреб може да присуствуваат максимум 20 лица.

Според него, отворените пазари ќе бидат затворени и не ја исклучи можноста за воведување полициски час во одредени области, но додаде дека тоа е во рацете на локалните власти.

– Многу граѓани сакаат животот да се врати во нормала, но тоа нема да се случи наскоро, предупреди Филип.

Една недела откако претседателот Емануел Макрон ги воведе ограничувањата, бројот на смртни случаи од Ковид-19 надмина 860, а бројот на пациенти кои имаат потреба од медицинска помош се зголеми за 20 проценти на повеќе од 2.000.