понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Арачиново се вратил од Швајцарија па наместо во изолација се шетал- сега ќе плати „дебела“ казна

Жител на Арачиново се вратил од Швајцарија па наместо во изолација се шетал- сега ќе плати „дебела“ казна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против жител на Арачиново кој се товари за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, при влез на граничниот премин Табановце на 17 март, доаѓајќи од Швајцарија како ризична земја за ширење на коронавирусот COVID – 19, потпишал изјава дека ќе остане во задолжителна домашна самоизолација во период од 14 дена. При извршена проверка, на 19 март не бил пронајден во неговиот дом во Арачиново.

Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од 20 евра.​