понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Радовиш – Струмица, повредени две лица

Тешка сообраќајка на патот Радовиш – Струмица, повредени две лица

Двајца возачи се повредени, од кои едниот потешко во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрината на магистралниот пат Радовиш – Струмица, пред надвозникот за с.Јаргулица.

Во несреќата учествувале „фиат браво“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(47) од с.Ињево, радовишко, и товарно возило „фиат дукато“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.А.(23) од Свети Николе.

-Во незгодата Љ.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобил С.А., информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.